Општина Кавадарци во соработка со СОЗШУ ,,Ѓорче Петров" започна со пошумување на околните сливни подрачја кои се наоѓаат на источната страна од градот како мерка за заштита од ерозија. Заедно со учениците од Средно шумарската струка се пошумуваше на м.в. Глишиќки рид и беа посадени садници од багрем, чемпрес и црн бор.
Оваа акција ќе продолжи и во наредните денови и на други слични подрачја, каде ќе бидат засадени вкупно 5000 садници.