Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=8155
    [QUERY_STRING] => id=8155
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 24779
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.141.46.108
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1734831860.7547
    [REQUEST_TIME] => 1734831860
)
Нова инвестиција на „Тиквеш“ во зголемување на капацитетот и квалитетот на приемот и преработката на грозјето


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Винарската визба „Тиквеш“ инвестираше четири милиони евра во изградба на нов објект и набавка на современа опрема за прием и преработка на грозје, која ќе овозможи да се зголеми вкупниот капацитет за прием и примарна преработка на грозје во време на берба за дополнителни 1,25 милиони килограми грозје за премиум вино.

– Винарската визба „Тиквеш“ инвестираше четири милиони евра во изградба на нов објект и набавка на современа опрема за прием и преработка на грозје, потврдувајќи ја со тоа својата долгорочна определба и стратегија за континуирани вложувања во натамошен одржлив развој и имплементација на ЕСГ стандардите.

Новата постојка и вградената опрема во неа му овозможуваат на „Тиквеш“ да го зголеми вкупниот капацитет за прием и примарна преработка на грозје во време на берба за дополнителни 1,25 милиони килограми грозје за премиум вино. „Тиквеш“ континуирано вложува и во сите останати сегменти кои овозможуваат континуиран раст и напредок на компанијата. Имено, до крајот на годинава, вкупните инвестиции во модернизација на производството и воведувањето современи технологии, методи и стандарди на работење, реализирани во последните дваесет години, од влезот на групацијата М6 во „Тиквеш“, ќе надминат 45 милиони евра.

„Ни беше многу важно поголемиот дел од оваа нова инвестицијата да се комплетира пред бербата и да функционира за годинешниот откуп на грозје, кој оваа година се одвива исклучиво со почитување на пазарните механизми, за што се залагаме одамна. Оваа година имавме неповолни временски услови и како резултат на таквата состојба, родот е значително намален. Но, затоа имаме извонреден квалитет на грозјето и заедно со оваа инвестиција која овозможува подобар квалитет на виното што го произведуваме и зголемен капацитет за прием и преработка на грозје за премиум вино, можеме да очекуваме исклучително квалитетно вино од оваа берба. Со реализацијата на оваа инвестиција придобивки имаат и нашите партнери – лозарите, затоа што само со инвестиции и почитување на светските стандарди за квалитетно производство може да се креира дополнителна вредност за сите, вклучувајќи и повисоки цени за грозјето “, изјави претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски.

Најновата инвестиција на „Тиквеш“ ја поздрави и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, истакнувајќи го нејзиното значење и улога во натамошното поттикнување на локалниот економски развој.

„Со оваа најнова инвестиција во проширување на капацитетот и зголемување на квалитетот при приемот и примарната преработка на грозјето, „Тиквеш“ уште еднаш потврдува дека е генератор на развојот на лозарството и македонската винска индустрија, кој преку своето успешно работење и стратегија за одржлив развој влева дополнителна сигурност и има големо влијание во натамошно унапредување на благосостојбата на голем број семејства и бизниси во нашата општина и пошироко во целата Тиквешија“, изјави градоначалникот Јанчев, честитајќи им на сите во „Тиквеш“ за успешната реализација на овој инвестициски проект.

Водечката македонска винарница посветува особено внимание со целокупното свое работење и со сите нови вложувања да даде што позначаен придонес за заштитата на животната средина, за развојот на заедницата и општеството во целина, како и за примената на стандардите за добро управување (ESG – Environmental, Social and Governance Standards). Новата опрема овозможува висок степен на автоматизација и дигитализација на процесот, со што значително се зголемува ефикасноста и ефективноста при приемот и преработката на грозјето, а се остварува и заштеда на електрична енергија и се скратува времето на чекање на лозарите. Сето ова придонесува да се задржи квалитетот на грозјето, да се намали потрошувачката на енергенси во процесот на прием и преработка на грозје, како и да се намали емисијата на CO₂. На тој начин, ВВ „Тиквеш“ придонесува за заштитата на животната средина и засилување на општествената одговорност, како два клучни столба на својата ЕСГ- стратегија.

373398302_6804696249597745_8300233160750055419_n 373400839_834860907989675_3155649511676195565_n 373411881_300909222535837_972169096733756392_n 373416731_643021931284298_4794229445311612334_n 373400839_834860907989675_3155649511676195565_n 373405337_1405309910048935_8017515920674970561_n