Градот Кавадарци ќе биде домаќин на уште едно големо натпреварување.
Организаторот „Лимак Холдинг" одлучи Купот на Македонија во машка и во женска конкуренција да се игра во салата „Јасмин" во Кавадарци.На „Лимак Купот на Македонија 2017“, кој ќе се одржи од 17 до 19 февруари ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига.Четвртфиналните натпревари ќе се играат во еден ден. И тоа со натпреварувачки броеви во кои МЗТ Скопје и Карпош Соколи (не играат во првиот дел) ќе бидат дел од „привилегираната" група од четири клубови. Заедно со првопласираните две од првиот дел од сезоната (во моментов тоа се екипите на Работнички и на Фени Индустри).