Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=8212
    [QUERY_STRING] => id=8212
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 39860
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.129.42.198
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732498171.6612
    [REQUEST_TIME] => 1732498171
)
Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче денеска се сретна со млади лекари во Струмица. Филипче ги слушна ставовите на младите лекари кои имаат зрел пристап кон сложеноста на здравствениот систем.

На средбата неврохирургот Филипче истакна дека како пратеник ќе се залага да се создаде квалитетен и долгорочно одржлив систем за здравствена заштита, како и дека ќе се залага за носење политики кои ќе спречат одлив на лекари и друг медицински персонал надвор од државата.

„Моите млади колеги секогаш во разговорите кои ги водам со нив, покажуваат дека имаат зрел пристап кон сложеноста на здравствениот систем. Затоа ќе продолжам да ги застапувам вашите интереси и давам безрезервна поддршка на вашите конструктивни предлози и иницијативи“, рече Филипче на средбата.

Носителот на листата за пратеници на СДСМ во ИЕ 4, Венко Филипче на средбата истакна дека ќе се залага и за воведување програми за едукација на младите лекари кон повисоки професионални достигнувања и градење на идни квалитетни и конкурентни лекари кои ќе работата во клиниките и болниците низ државата.

Денеска Венко Филипче даде поддршка на протестот на приватните лекари специјализанти кои бараат покачување на месечниот надомест, согласно растот на платите.

За прв пат приватните лекари специјализанти добија месечен надомест во 2018 година, кога Венко Филипче беше министер за здравство. Во мандатот на Филипче, за прв пат младите лекари специјализанти добија и здравствено осигурување и платени дежурства. Здравственото осигурување им беше укинато на младите лекари кога Филипче замина од министерската функција, а висината на месечниот надомест остана на 26.000 денари.