Д-р Филипче: Ќе обезбедиме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување
Неврохирургот Д-р Венко Филипче вчера пред младите прилепчани ги презентираше клучните младински политики предвидени во програмата на СДСМ. Преку клучните политики, Филипче рече дека ќе се обезбеди подобрување на образовниот процес и обезбеди понуда за конкурентни вработувања.
„Една од промените што ќе ја направиме е зголемување на програмата „Гаранција за млади" која ќе биде отворена за 35.000 млади кои ќе добијат многу можности за вработување“, истакна д-р Филипче. Мерката гаранација за млади во првиот мандат на СДСМ даде многу добри резултати и затоа сега значително се проширува опфатот.
Филипче истакна дека СДСМ сака да обезбеди сигурност, но и мотивација младите да бараат работа дома. Затоа финансиски ќе ги поддржи младите во првите 12 месеци од нивното вработување. „Ќе ви обезбедиме стабилност и сигурност, тоа е нашата цел. Затоа воведуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години“ - додаде Филипче.
Филипче истакна дека СДСМ верува во вредноста на образованието и затоа ќе им овозможи на младите подобри услови во сите степени на образование.
„Ќе работиме на подобрување на настаните програми, но паралелно ќе се грижиме и за севкупните услови во кои младите се образуваат. Ќе создадеме подобра инфраструктура во училиштата и студентските домови, средина која ќе биде мотивирачка и инклузивна за вие да можете целосно да се посветите на вашиот развој и образовен раст“, рече Филипче.