Традиционално и оваа година дел од потребната опрема и реквизити за „Кавадаречкото културно лето ,,се обезбедени од Дрекслмајер Дрекслмајер повторно со поддршка на манифестацијата „Кавадаречко културно лето“ во чии рамки се организираат и спортски натпревари во кошарка – Стрит баскет како дел од спортската програма. За ова натпреварување, компанијата обезбеди нови кошаркарски топки,пехари за победничките тимови, спортски маици за играње на натпреварите како и озвучување на настанот. На Стрит баскет учествуваа околу десетина машки екипи меѓу кои и кошаркарскиот тим на Дрекслмајер. Дрекслмајер со непрекината поддршка на спортот Организацијата на социјални проекти на локално ниво кои вклучуваат голем број културни активности како и спортски содржини придонесува за уште поголем одржлив развој на заедницата. „Дрекслмајер во континуитет ги поддржува спортските школи, тимови и клубови, но и спортските иницијативи. Исто така, ја цениме големата посветеност при организацијата на настани од ваков тип кадешто можат да бидат вклучени и вработените во компанијата и истовремено да бидат добар пример за промоција на спортот и спортските активности“, вели Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија. Вработените во Дрекслмајер – пример за тимски пристап И оваа година Дрекслмајер кошаркарскиот тим ја покажа својата умешност во кошарката и одличната тимска поврзаност. „Спортот е забава, здрава навика и совршен начин да најдеме баланс помеѓу работата и слободното време, а сепак да продолжиме да го јакнеме тимскиот дух. Тимската сплотеност која ја поседуваме на работа се чувствува и при активностите надвор од работното место, на спортските терени“, вели Драган Ристов, вработен во Дрекслмајер и учесник на овогодинешниот Стрит баскет. Дрекслмајер е семејна компанија со традиција од повеќе од 65 години која размислува не само за сегашните, туку и за идните генерации. Затоа, компанијата во континуитет го поддржува спортот, спортските клубови и спортските школи за млади таленти на начин што овозможува свој придонес за одржливиот развој на општеството од кое себе си се смета за дел.