Oсновното Училиште „Гоце Делчев“ од Кавадарци денеска ја одбележа 145 годишнината од раѓањето на патронот Гоце Делчев.
-Преку помен на неговиот живот и револуционерно дело се поклонивме пред неговата биста со ветување дека преку нашата воспитно-образовна работа ќе го продолжиме неговото дело.Ќе продолжиме да ја сакаме и чуваме татковината и ќе градиме поле за културен натпревар меѓу сите чинители на воспитно-образовниот процес.Слободарскиот дух и желбата за постигање на нашите цели се аманет од Гоце, сенка која со гордост ја носиме сите! Вечна му слава!!! За многу години да го празнуваме денот на неговото раѓање и поменот на неговите дела ...се вели во официјалното обраќање објавено на ФБ профилот на Училиштето.