Кавадаречката костурницата која важи за еден од симболите на градот е дел од спотот на австралискиот суперстар диџеј Марло.
Во анимираното видео на Марло и Ема Чат за нивната „Leave my hand“ кое беше промовирано на Денот на вљубените во една од завршните сцени се појавува објект кој е идентичен на кавадаречката костурница. Засега сеуште не е јасно како кавадаречката костурница се најде во анимираното видео кое го промовираше една од најголемите продуцентски куќи во светот, Армада Мјузик чиј прв човек е светскиот суперстар Армин Ван Бјурен.
Превземено од www.kavadar4e.com
објавено од Уневски Даниел