Организацијата на жени „Визија“ Кавадарци ja одржa втората работилница
Tема на работилницата беше „Создавање на Локалната активна платформа за социјална инклузија- ЛАПСИ“. Досега никогаш ни на локално, ни на национално ниво не е формирана ваква платформа за социјална инклузија.
Проектот за формирање на ваква платформа е на Европската Унија, а како имплементатори се Македонското женско лоби и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид од Скопје. Следуваат уште две работилници до дефинитивната изработка на платформата.Во оваа платформа влегуваат маргинализираните групи на ѓраѓани како: Совет на млади и жени, Лица со посебни потреби, Жени, жртви на семејно и родово базирано насилство, Жени од село, Роми, уживатели на дрогаСпоред зборовите на локалната координаторка на овој проект г-ѓа Јоана Коцева, на оваа работилница денес се нотирани проблемите на овие група на ѓраѓани, а во понатамошното работење ќе се пристапува кон изработка на акцискиот план и врз основа на таа ќе се дефинира платформата за Социјална инклузија на ниво на Општина.Потписниците на оваа платформа се очекува да бидат: Градоначалникот на Општината и другите чинители во преставници од Советот на Општината, представници на сите институции, здруженија на земјоделци итн.