Зградата на Општинското Собрание
Започнување со изградба на зградата на Собранието на општина Кавадарци датира во 1952 година. Темелите се градени од камен, а градежните работи се завршени во 1954 година кога зградата е предадена во употреба. Популарно овој објект го викале“Лепотица“, а и со право и денес е еден од најубавите објекти од ваков вид во Р. Македонија.