МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вицепремиерот и Министер за Финасии Зоран Ставревски денеска престојуваше во Општина Росоман, каде во работа го предаде новиот резервоар за вода кој преставува значаен објект со кој се заокружува решавањето на водоснабдувањето во Општината.

-Денеска го пуштиме резервоарот за вода за три населени места : Росоман , Манастирец и Рибарци.Ми причинува задоволство што од името на граѓаните на Општина Росоман можам да и се заблагодарам на Владата на РМ за можноста да го решиме овој долгогодишен проблем кој ги мачи граѓаните.Изразувам благодарност до сите институции кои помогнаа да се заврши овој вреден проект за нас, односно целокупната работа за доведувањето на водата од Кожуф планина и изградбата на овој резервоар , со што се решава долгогодишниот проблем со недостиг на вода, како животно прашање на жителите на ова Општина, рече градоначалникот на Општината Стојанче Лазов Изградбата на овој резеровар значи нови 250 метри кубни вода ,што е повеке од стариот кој изнесуваше 150 м3 ,што беше недоволен, па на овој начин се смета дека проблемот со снабдување со чиста санитарна вода ке биде целосно надминат. Согласно трипартитниот договор на Општина Росоман ке добива речиси 30 литри вода во секунда . Министерот Ставревски нагласи дека изградбата на резервоарот за вода преставува еден од главните елементи на новиот систем за водоснабдување на три населби во Општина Росоман -Изградбата на резервоарот, е подржана од Владата на РМ и Светска Банка со средства што се обезбедени врз база на проектот што го изработи Општината .Овој систем ке го реши прашањето со обезбедување на чиста вода за пиење за жителите на Росоман, Манастирец и Рибарци и на тој начин ке обезбеди здрава вода за пиење .Од друга страна ке се намалат трошоците на Јавното комунално претпријатие бидејќи нема веќе да има потреба од пумпање на вода и користење на пумпите кои досега предизвикуваа значаен трошок, вели Министерот за Финасии Ставревски

Stavreski-Izjava-ekspresen-pat.jpg

-На овој начин излегуваме во пресрет на жителите на Општина Росоман и решаваме едно децениско прашање кое е составен дел на вкупниот систем за водоснабдување на Кавадарци и Росоман во кој се инвестирани вкупно 2,2 милиони евра со изградба на филтерна станица ,цефковод и други потребни елементи со цел еднаш засекогаш се реши прашањето со водоснабдувањето во општините Кавадарци и Росоман . Ставревки со домаќинот, градоначалникот на Општината,Лазов ,разговараa со жителите ,посети неколку места каде се изведува реконструкција на улици за да се провери изградбата на инфраструктурните проекти,каде во еден дел помага Владата а во друг Општината.Како и досега ке се направи напор,да и се помогне на Општината да ги подобри локалните патишта како што тоа беше направено со изградбата на Детската градинка,на игралишта и слично. Во тој дел Општина Росоман наредната година може да очекува да биде подржана со околу 525 илјади евра за изградба на патот од Росоман до Сирково. Престојот во општината продолжи со посета и АД „Годе Делчев-Тиквеш„ конкретно винаријата на ова акционерско друштво каде се запознае со текот на откупот на грозјето.