МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СЕ АСФАЛТИРА ВО ОПШТИНА РОСОМАН

Во тек е асфалтирање на улици во општина Росоман, а има и улици кои се поплочуваат со бекатон плочки, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при росоманската локална самоуправа.

-Станува збор за неколку улици во новата населба “Гумење” во Росоман но и во росоманските села Манастирец, Трстеник, Рибарци и Сирково. Вредноста на инвестицијата е околу 5.5 милиони денари, а финансиските средства се обезбедени од општинскиот буџет, соопштија од Службата за информирање при општината.

Оттаму најавија и дополнителни активности во сферата на асфалтирањето во наредниот период.