Во општина Росоман по шести пат се одржа традиционалниот турнир во улична кошарка, кој предивика голем интерс.Перо Антиќ ги додели наградите .
Шестото издание на „Street ball Ros 2017“ беше повеќе од успешно. Здружението за спортски активности „Рос-247“ годинава направи добра работа-за спортот и кошарката во Росоман.14 екипи учествуваа , а натпреварите се играа во вечерните часови (од 19 до 23 часот) за да се избегнат високите температури. На Street ball Ros 2017“ година настапија екипи од Кавадарци,Роосман,Прилеп,Кочани и Неготино.Покрај играњето кошарка имаше и забава: освен локалната поддршка од диџеи и пријатели на турнирот, финалниот ден ( во неделата на 20 август) настапи ДНК со Pancho.
Сите натпревари се играа на новите спортски терени во Росоман а посетеноста на средните беше голема, особено рекордна беше синоќа на финалето.
Првото место го освои екипата на „Инел“ која ги победи „Паки маркет“ во финалната средба.Наградите на победниците им ги додели прочуениот македонски кошаркарски ас Перо Антиќ,што е уште еден сегмент за подигањето на нивото на овој традиционален турнир.