МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

фото архива на ФК Росоман 83

ДОМАШНИТЕ ПОВТОРНО 80 И ПОВЕКЕ МИНУТИ ИГРАА СО ИГРАЧ ПОМАЛКУ

Тренерот на „Росоман“, Никола Глигоров бара од судиската организација да се прегледа снимката од натпреварот и јавно да се каже дали на средбата со „Кожув“ имаше тенденциозно судење. По ред - во 10 минута директен црвен картон заработи Темков. Според домашните неоправдано и тенденциозно. Потоа гостите поведоа со голот на Никола Костадинов постигнат од чиста офсајд ситуација која судиите не ја санкционираа. При резултат 0-1 на росоманчани на два пати не им беа досудени очигледни пенали со што се максимално оштетени. Во финишот на средбата Ангел Кочев зголеми на 0-2 за гевгеличани но „Росоман“ брзо врати со голот на Бојан Миланов за конечни 1-2.

м.в.