МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Почитувани сограѓани, Ја демантираме во целост објавата на Цветан Трипуновски (меѓудругото човек кој долги години помина во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и кој само ја напаѓа актуелната власт без да признае дел од одговорноста). Хаваријата што се случи е проблем што потекнува од пред долги години, а најважно од се е што власта како и вообичаено имаше слух за проблемите на земјоделците и во најбрз рок тие имаа можност на непосредна средба со министерот Николовски да ги изнесат своите барања и препораки за надминување на проблемот. Освен тоа, важен момент е и фактот што беше формирана Комисија за утврдување на штети, како и можноста за ослободување од воден надомест на сите водокорисници заради ублажување на последиците од хаваријата. За крај, особено сме горди што за разлика од ВМРО-ДПМНЕ што ја користи оваа ситуација за собирање на политички поени броејќи ги деновите што поминале од првично утврдениот рок за санирање на проблемот, СДСМ за целото тоа време интензивно работи, излегува во пресрет на земјоделците правејќи се за да ги реши проблемите што ги наследи од долгогодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Уште поважно, објавите од овој тип не можат да помогнат за побрзо надминување на проблемот! Потребни се идеи, соработка, сугестии, кои доколку бевте доволно подготвени и стручни да ги посочите, немаше да има потреба од фотографии и објави со кои создавате нетрпеливост и ширите небулози!„ - се наведува во соопштението. 363375893_673212578178432_5727166518791370738_n