СОВЕТНИЦИТЕ ГО УСВОИЈА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТАТА ОД ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА ЗА 2021
Советниците од општина Росоман денеска ја одржаа 53 седница од советот со две точки на дневниот ред а пред почетокот на истата додадоа и усвоија и трета точка. Росоманските советници прво го усвоија извештајот со елаборат и проценка на штети од елементарните непогоди мраз и слана на територијата на општина Росоман за 2021 год. Според овој извештај подрачјата на измрзнување комисијата ги оцени од 60% до 90% или вкупно 928,17 ха се опфатени од измрзнувањата а оштетени се 729 производители и според комисијата вкупно проценетата штета изнесува 452.702.697 ден. По втората точка советниците позитивно се изјаснија по две барања кои беа упатени на нивна адреса. Третата точка всушност беше предлог на советникот Атанас Стојанов кој предложи на секој еден кој го прележал КОВИД 19 со решение од центарот за јавно здравје општината да му додели еднократна парична помош во висина од 2500 ден. Градоначалникот даде предлог точката да се префрли за следната седница а комисијата да собере податоци колку такви заболени односно прележани има во општината да ги утврди деталите и доколку остане иста висината на паричната помош ке мора да се изврши ребаланс на буџетот
М.В.