Соопштение на Левица.
,,Членот на Советот на Општина Росоман од Левица, Влатко Трајков постави светничко прашање „Дали Општина Росоман има издадено одобрение за градба во место викано Лагот?“ на што доби негативен одговор. Наредниот ден, членот на Советот побара да се стопира изградбата и дејноста на асфалтната база, но по барањето се уште нема активност од страна на службите! Како компанијата врши дејност без дозвола за градба? Дали компанијата е блиска до властта и зошто градежните инспектори немаат пристап до асфалтната база? Во малкуте општини кои останаа во власт на СДС на нашата земја има опасност од целосно безредие, уништување и експлоатација на природните ресурси, загадување на животната средина, а сето тоа за задоволување на олигарсите блиски до власта. Левица која произлегува од народот бара да сите сопственици на нерегуларно изградени индустриски објекти бидат санкционирани и да нивната дејност биде прекината!,,.Ова го соопштува партијата Левица во дописот доставен по мејл до нашата редакција.