МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Централната манифестација со откинување на првата праска ке се случи во сабота 11 јуни

Советот на Општина Росоман на последната одржана седница ја усвои агендата за претстојната манифестацијата Духовден Праскобер која ке се одржи овој викенд. Првиот настан ке се случи веке утре четврток, 9 јуни. Станува збор за изложба на фотографии насловена како „Мое Росоман“ од Томе Арсов која ке биде поставена во просториите на реновираното старо училиште. Во петок росоманчани ке можат да уживаат во концертот на групата Журнал но и во финалните натпревари од меморијалниот турнир во мал фудбал „Сашко Гелов Шулц“. Во сабота во претпладневните часови предвиден е ревијален меѓународен натпревар во мал фудбал на кој би требало да учествува екипа од општина Росоман и екипа или екипи од гостите од збратимените градови.Централната манифестација предвидена е да започне во сабота од 18 часот. На отварањето на манифестацијата Духовден Фест свои обраќања ке имаат градоначалникот Стојан Николов и претседателот на советот Ристо Јошев по што ке следува откинување на првата праска. Манифестацијата ке продолжи со настап на КУД Росоман од Росоман, Јасен од Велики Гај, општина Пландиште, Србија, Стоби од Градско и Мугри од Кочани. Манифестацијата ке заврши со концертниот настап на мегапопуларниот Тајзи.

286569558_5587216551297392_1704595390664319238_n viber_image_2022-06-08_11-26-00-404

М.В.