Советниците го усвоија предлогот за меѓуопштинска соработка помеѓу општините Росоман и Кавадарци
Вчера советот на Општина Росоман ја одржа редовната 11 седница со 6 точки на дневниот ред. Веднаш на почетокот советниците одлучија точката 4 - предлог понудата за соработка од Црвен Крст на РСМ ОО Кавадарци да ја пролонгираат за некоја следна седница. Потоа едногласно помина предлогот за меѓуопштинска соработка помеѓу општините Росоман и Кавадарци. Годишниот план за вработување во детската градинка „Праскичка“ доби 3 гласа ЗА и 5 воздржани а едногласно помина годишниот извештај за работа на оваа институција. По предлогот за дополнување на програмата за изработка на УП и ЛУПД во Општина Росоман врз основа на поднесени барања од правни и физички лица се гласаше за секое барање поединечно и на крај советниците доделија финансиска помош за едно физичко лице.
М. В.