МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пожар зафати 150 хектари сува трева и трње во Росоманско, информацијата ја потврди Петко Ристовски, магистер по заштита на шуми во подружницата на “Македонски шуми” во Кавадарци.

-Пожарот избувна синоќа. Едно време го локализиравме, но сега тој повторно е активен и во моментов на терен сме присутни со 20 работници од шумското и една цистерна, 5 пожарникари од територијалната противпожарна единица од градот Кавадарци со едно противпожарно возило, 5 лица од локалната самоуправа Росоман. Тука се и два авиона од Дирекцијата за заштита и спасување, рече Ристовски од подружницата “Бор”.

Тој кажа дека се обидуваат да го стават под контрола со цел да не се прошири наоколу.