МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГФК Тиквеш по поразот од Беласица со убедливи 2-5 им се вратија на победите.

Триумфот го најави Роберт Митев уште во седмата минута, за четири минути подоцна Симеон Симонов да ја удвои предноста на тимот од Кавадарци. Веќе во 23тата минута Тиквеш водеше и со 0-3 откако Благојче Марковски погоди за убедливо водство кое остана актуелно и до полувремето.По паузата за полувреме, на сцена стапија Роберт Митев од Тиквеш и Марио Крстовски од Хоризонт. Прв погоди домашниот играч во 49та минута, за да позитивата од 3 гола ја врати Митев во 60та минута. Во 62 минута Митев со својот трет гол го комплетираше хет трикот и му донесе на Тиквеш убедливи 1-5. Конечниот резултат 2-5 го постави Крстовски со својот втор гол.Хоризонт Турново-Тиквеш 1930 2 : 5 .По убедливиот триумф, фудбалерите на Тиквеш се пробија на третата позиција на првенствената табела, а можност за понатамошен прогрес имаат веќе следниот викенд, во кој на домашен терен во Кавадарци ќе го пречекаат тимот на Победа од Валандово.