МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГЕВГЕЛИЧАНИ ОД ПЕНАЛ ВО 82 МИНУТА МУ УКРАДОА БОД НА ТИКВЕШ

Во рамките на второто коло од ВМФЛ група Исток ГФК„Тиквеш“ во Неготино на „Цвај Арена„ како домакин го пречека тимот на „Кожув“. „Тиквеш„ стартуваше одлично. Почнавме со висок пресинг и не му дозволивме на противникот да заигра. Во 31 мин со прецизен удар од 18 метри Лука Трајковски го отвори резултатот а „Тиквеш“ поведе со 1-0. Во 45 мин Христов се најде во гол шанса. Врз него како последен човек од одбраната стартуваше Петров а судијата Бартон оправдано му покажа на гостинскиот фудбалер црвен картон. На почетокот на вториот дел кога сите очекуваа „Тиквеш„ да го дотолче противникот се случи обратното. Нашите ја умртвија играта, како да се повлекоа и како да ги бранеа тие 1-0 иако имаа бројчана предност на теренот. Во 81 мин едно невнимание - во нашиот шеснаесетник соборен беше Кочев, Бартон покажа на белата точка а ударот на Јаневски нашиот голман Димовски го одбрани. Додека му честитааа неговите соиграчи се огласи помошникот кој му сигнализираше на главниот судија да го повтори пеналот бидејки наводно Димовски со двете нозе бил надвор од гол линијата. Тоа и се случи а овојпат Јаневски беше прецизен и израмни на 1-1.

До крајот Тиквеш се обидуваше да постигне гол а гостите мудро го чуваа резултатот и на крај си заминаа со голем бод од ова гостување.Можеби судиите згрешија при одлуката за повторен пенал - можеби! Но сами сме си виновни што наместо да ја искористиме бројчаната предност и наместо да ја наполниме мрежата на противникот ние одигравме несфатливо за клуб со прволигашки амбиции многу слабо второ полувреме.

Во ова коло екипата на „Росоман“ гостуваше во Прилеп кај екипата на „Победа“ и загубија со убедливи 3-0 со двата гола на Димоски и едниот на Митрески. Во првенството сега следува двонеделна пауза заради репрезентативни обврски а следното трето коло ке се одигра на 12 септември. „Росоман“ на домашен терен ке игра со „Кит Го“ а „Тиквеш“ ке патува во Кочани на мегдан со екипата на „Осогово“.

м.в.