Денеска играа децата-фудбалери родени 2007, и 2010.
На вториот ден од завршниот турнир во фудбал кој го организира Фудбалската репрезентација на Македонија и ГФК Тиквеш играа; Борец Јуниор,Академија Пандев,Беласица,Академија Постолов,Јанг Бојс,Брегалница и Мал Ајакс-за деца родени 2007 и деца родени 2010 на Академија Пандев,Борец,ГФК Тиквеш и Академија Постолов.
Победник во категоријата фудбалери 2010 година е Академија Пандев која во финалниот натпревар го совлада ГФК Тиквеш со 6:3 ,иако кавадарчани водеа.Така овој турнир фудбалските надежи од градот домаќин го освоија одличното второ место.
Во категоријата за деца родени 2007 година прва беше Академија Пандев, втор Борец Јуниор и трета Брегалница од Штип.
Наградите им ги врачија:Тоше Туриманџов-секретар на ГФК Тиквеш, и Трајче Димитриев - поединци кои не се штедеа и дадоа максимум во самата организација на турнирот.Се разбира овде беа и други поединци од управата и помошниот персонал на ГФ Тиквеш, тренери на фудбалските школи кои 24 часа овие два дена се вложија себеси за да функционира се како што треба. И успејаа во тоа, за што впрочем позитивно се изразија и гостите од Штип,Велес,Струмица, Неготино и други места.
Најзадоволни и севкупни победници се децата-фудбалери, учесници во ова лига.Така на сите ним и порача новинарот-водител на средбата Мики Виденовиќ.Од интервјуто за РТК.МК бележиме и дел од изјавата на Горан Стојанов-Шефето, на прашањето што е потешко да се биде фудбалер или да се води и работи со деца во фудбалска школа.Рече „потешко е да се работи со деца“ .И го разбираме потполно, и затоа ги подржуваме него и неговите колеги од државата кои успеваат да ги анимираат сите нив да го засакаат фудбалот и да му се радуваат.Во Кавадарци деновиве околу 500 деца беа присутни.За нив дојдоа да навиваат и нивни блиски од семејствата.Колку е убава таа симбиоза на детската љубов кон фудбалот и среќата на лицата на тренерите и родителите.!!!
РТК.МК директно го пренесуваше настанот на својата ФБ страница, го снимаше ,ке го монтира и достави до организаторот, а ке го направи и достапен до фудбалерите-деца нивните родители и заинтресираните од организаторот и Фудбалската Федерација на Македонија.