ЕКИПАТА НА ПРО БАСКЕТ ВО САЛАТА ПАРТИЗАН УТРЕ ОД 13.30 ЈА ПРЕЧЕКУВА СТРУМИЦА
Во рамките на 4 коло од втората машка кошаркарска лига беа постигнати следниве резултати:ГРУПА ЗАПАД: „Чаир“ - „Хераклеа“ 84-80 , „Партизан Водно Санс“ - „Мега Баскет“ 101-50, „Спорт Тим“ - „Охрид“ 45-110, „Тетекс“ - „Риниа“ 87-67. За жал не успеавме да го дознаеме резултатот од средбата „Пелистер Медика Карта“ - „Спарта“ кој се играше синока.
ТАБЕЛА: „Чаир“ 8,„Хераклеа„ 7, „Охрид“ 6, „Тетекс ТТК“ 6 (-1), „Партизан Водно Санс“ 5 (-1), „Риниа“ 5, „Мега Баскет“ 5, „Спарта“ 4 (-1), „Пелистер Медика Карта“ 4 (-1), „Спорт Тим“ 4
ГРУПА ИСТОК: „Ролинг“ – „Шкупи“ 61:110, „Ангели“ – „Куманово 2“ 96:74, „Струмица“ – „Борец Баскет“ 69:73, „Баскет КАМ“ - „Пробаскет“ 100-64 а одложен е натпреварот „Феникс“ – „МКК Куманово“ТАБЕЛА: „Борец Баскет“ 8, „Ангели“ 8, „Шкупи“ 5, „Феникс“ 5 (-1), „Струмица“ 5, „Куманово-2“ 4 (-1), „Ролинг“ 4, „Про Баскет“ 4 (-1, „Баскет КАМ“ 4 (-1), „МКК Куманово“ 1 (-2)
Екипата на „Про Баскет“ вчера средбата со „Баскет КАМ“ наместо во Каменица ја одигра во Скопје во СРЦ „Кале“. Нашите момци доживеаја убедлив пораз но веднаш да напоменеме дека отпатуваа десеткувани со само 8 души во ростерот а поголемиот делод нив се буквално деца, младинци без никакво искуство. Оние кои отсуствуваа што поради здравствени проблеми, приватни и работни обврски не беа во можност да патуват надвор од градот во работен ден. Заостанатиот натпревар со „МКК Куманово“ нашите дечки ке го одиграат во наредниот период во договор со кумановчани бидејќи тие беа во изолација поради вирусот. „Про Баскет“ има малку бурен распоред бидејки играат среда - сабота што е нетипично за прв дел од сезона. Следниот натпревар од петтото коло кошаркарите на „Про Баскет“ го играат веке утре, сабота од 13.30 во Кавадарци во салата „Партизан“ каде ке гостува екипата на „Струмица“.
м.в.