МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Учесниците на Лондонскиот фудбалски турнир, младите фудбалери на ГФК Тиквеш(родени 2006 година) денеска во Собранието на Општината ги примија градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот Ристо Сакалиев.На приемот беше и претседателот на на ГФК Тиквеш Миле Масларков.

На турнирот во главниот град на Англија учествуваа 36 екипи од популарни англиски клубови.Нашите се претсавија во одлично светло,покажувајќи добра игра и примерно однесување.Честитки за управата на ГФК Тиквеш, спонзорите кои помогнаа да се реализира учествто на турнирот, и се разбира признание и благодарност до иницијаторите и помагачите на нашитте млади фидбалери во Лондон меѓу кои најзаслужен е Стевче Кислов, кој подолго време живее во Лондон и работи во познат лондонски фудбалски клуб, чија доверба во фудбалерите, беше оправдана.