ЕДИЗ СПАХИУ ОД ГОСТИВАР И ФИЛИП КОСТОВСКИ ОД СИЛЕКС,ЧЛЕНОВИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА У-19 ГО ЗАСИЛИЈА НАПАДОТ НА ТИКВЕШ

Кавадаречкиот фудбалски второлигаш екипата на „ГФК Тиквеш“ покажува колку сериозно си ја свати задачата да ги израдува кавадарчани и градот Кавадарци со пласманот во првата лига. Во подготвителниот период досега „Тиквеш“ не знае за пораз. Совладани прволигашот „Беласица“ и второлигашот „Плачковица“ а ремизираа со прволигашот „Работнички“. Денеска квадарчани ке одиграат пријателски контролен натпревар со комшиите, третолигашката екипа на „Вардар“ од Неготино. Но покрај сериозната на теренот управата на „Тиквеш“ и стручниот штаб покажуваат колку се сериозни и надвор од теренот. Кавадаречкиот второлигаш во своите редови доведе двајца репрезентативци на Македонија до 19 години. Едиз Спахиу дојде од „Гостивар“ а има настапувано и за „Вардар“ Форино и за „Шкендија“. Второто име е Филип Костовски кој дојде од „Силекс“ а настапувал и за „Њу Старс“ и „Македонија ЃП“. Со оглед на репрезентативниот статус на овие млади фудбалери се очекува нападот на „Тиквеш“ да добие на квалитет.

Најнова вест е дека и Стефан Костов е засилување на ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци. Тој е млад фудбалер кој доаѓа од екипата на ФК Академија Пандев кој што ќе ја потполни стоперската позиција.

ГФК Тиквеш и мену му посака топло добредојде во клубот .

м.в.

148153381_444841623322140_7607313540929936951_n148996653_115067650559689_5033995392033901114_o