ПОБЕДИ НА ЛОКОМОТИВА И ВАРДАР - МАРЕНА ДЕКЛАСИРАНО ВО ДОЈРАН
Во рамките на редовното 18 коло во третата лига група југ се случи само едно изненадување. Но да тргнеме по ред. Екипата на Ново Црнилиште во ова коло беше слободна што го искористи тимот на Локомотива од Градско и се врати на врвот на табелата. Тие гостуваа во Удово кај тимот на Младост и одиграа рамноправен натпревар а до бодовите дојдоа многу потешко од очекувањата бидејки победа славеа со минимални 0:1 а единствениот гол го постигна Ќазимов во 89 мин. Важноста на победата е дотолку поголема ако се знае дека Локомотива од 70 мин играше со играч помалку бидејки беше исклучен Јовановски. Екипата на Вардар од Неготино беше фаворит на гостувањето кај Динамо и славеше со убедливи 0:6 со головите на Мојсовски, Најдов, Димовски, Ѓорѓиев и двата на Шишков. Екипата на Марена доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Дојранско Езеро каде беше поразена со високи 7:0. Превалец ја оправда фаворитската улога и го декласираше Илинден со 6:0. Братство не дозволи изненадување и со 3:0 славеше против Големо Коњари. Обршани славеше со минимални 0:1 во Кривогаштани а изненадувањето го направи Питу Гули кој славеше на гости во Крушеани кај екипата на Напредок со резултат 2:4.
М.В.