МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЛОКОМОТИВА И НАТАМУ НА ВРВОТ - ЦРНИЛИШТЕ, ПРЕВАЛЕЦ И НАПРЕДОК СО СИГУРНИ ПОБЕДИ

Вчера фудбалските третолигаши од групата југ го одиграа вонредното 20 коло. Екипата на Локомотива од Градско која е лидер во оваа конкуренција во ова коло беше слободна но имаше доволна залиха на бодови и остана на врвот. Второпласираниот тим на Ново Црнилиште без проблеми го совлада Питу Гули со убедливи 5:1. Изненадувањето на колото се случи во Кривогаштани каде екипата на Младост не му дозволи на фаворизираниот тим на Братство да постигне гол а средбата заврши без победник 0:0. Во дербито на колото екипата на Вардар од Неготино гостуваше во Дојран на екипата на Дојранско езеро. Вардар и поведе со голот на Митрев во 19 мин но домашните израмнија во 39 мин. На почетокот на второто полувреме дојранчани од пенал поведоа со 2:1. Вардар во финишот израмни со голот на Шишков во 86 мин. Но во 87 мин Дојранско Езеро повторно поведе со 3:2 за да неготинчани во 89 израмнат од пенал со голот на Мојсовски за конечни 3:3. Во второто дерби Превалец со 4:2 го совлада Обршани. Марена во ова коло беше декласирано на гостувањето во Крушеани кај Напредок со резултат 8:0. Во пресметките од долниот дел на табелата Динамо со 1:0 го совлада Големо Коњари додека екипата на Илинден од Башино Село не допатува во Удово па тимот на Младост службено го доби натпреварот.За Илинден ова е второ непојавување на првенствен натпревар па најверојатно ке следат ригорозни казни од страна на ФФМ

М.В.

167517505_833882947483130_7420681239179580399_n (1)