МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СЛОГА, ПОБЕДА И ПЛАЧКОВИЦА СО ГОСТИНСКИ ПОБЕДИ

26 коло од втората лига исток помина во знакот на гостинските екипи. Единствени кои ја спасија честа на домакините беа кавадаречките фудбалери. ГФК Тиквеш беше убедлив во дуелот со Саса и забележа победа од 3:1 во натпревар во кој сите 4 гола ги постигнаа домашните фудбалери. Во братската пресметка Брегалница како гостин го совлада Кит Го со 1:2. Во Гевгелија Слога непријатно го изненади Кожув и го совлада со 0:2. Непријатно изненадување и во Кочани каде прилепска Победа го совлада Осогово со минимални 0:1. Непријатно изненадување на своите фанови им приреди и Росоман кој во битката на дното на свој терен загуби од Плачковица со 0:1.

М.В.