МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во сабота и недела ке се одржи фудбалскиот турнир „Никогаш заборавни“посветен на :Mитко Влајков, Александар Ташев-Фанта, Дуле Јованов, Дано Јорданов-Караџa,Даниел Мустеников-Рогуш, Виктор Стојановски-Пират, Златко Милков-Шатка и Драган Пендев-Гаго.

„За браќата од трибините кои од копот на небото гордо го веат црвено-белото знаме, за заедничките дружби, испеаните песни, испишаните пароли, запалените бакли, за другарството кое премина во братство, и за се она што како спомен го чуваме длабоко во себе, традиционално, и оваа година на Прочка ќе играме и навиваме во чест на нашите прерано починати, но никогаш заборавени.

Токму другарството и верноста нас не наведуваат да го одбележиме споменот на прерано згаснатите животи на нашите другари “Mитко Влајков”, “Александар Ташев-Фанта”, “Дуле Јованов”, “Дано Јорданов-Караџa”,” Даниел Мустеников-Рогуш”, “Виктор Стојановски-Пират”, “Златко Милков-Шатка” и “Драган Пендев-Гаго”.Годинава, поради големиот број на заинтересирани екипи, но и поради почитта кон семејните христијански вредности, турнирот „Никогаш заборавени“ ќе трае два дена, додека вообичаено турнирот ќе заврши на Прочка со одигрување на финалните натпревари и голема баклијада.Пријавувањето на екипите кои ќе ги носат имињата на нашите никогаш заборавени другари, потоа на навивачките подгрупи на навивачката група Лозари и најверните пријатели на групата е во тек и ќе трае до 01.03.2019 година, а истото може да го направите на следниот телефоноски број 070/256-197.Бројот на екипи е ограничен на 16.Сабота - Групна ФазаНедела - Четвртфинале, Полуфинале, ФиналеКОПУ НА НЕБОТО ПРЕСТАНИ ДА РАСТЕШ!„

-Се наведува во официјлината покана до сите љубители на љубители на фудбалот кои Лозари исток ги покануваатда дојдат во сабота и недела во СС Јасмин.