МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОСТАНАА САМО БАРАЖИТЕ А НАСКОРО СЕ ОЧЕКУВА И ОФИЦИЈАЛНА ОДЛУКА ЗА ТРЕТОЛИГАШИТЕ И ОПШТИНСКИТЕ ЛИГИ

Изминатиот викенд се одиграа последните кола од регуларниот дел од сезоната во првата и двете втори македонски фудбалски лиги. Во првата лига Шкендија е шампион а во фудбалска европа ке играат Шкупи и Струга. Од лигата испаднаа Беласица и Вардар а бараж дуели очекуваат екипите на Силекс и Ренова. Во втората лига запад Скопје е шампион и ке игра во првата лига а бараж дуел чека екипата на Охрид. Во понизок ранг се селат Вардар Форино и Дрита. Во втората лига исток нов прволигаш е Брегалница од Штип, бараж за прва лига ке игра ГФК Тиквеш а од лигата испаднаа Росоман и Плачковица.

Неофицијално до крајот на оваа недела и официјално ке се знае што со третите лиги. Ако се потврди одлуката за прекин на првенството со актуелниот пласман на табелата нови второлигаши во групата исток ке бидат Детонит како моментално првопласиран во трета лига исток и Локомотива од Градско како првопласирана од третата лига југ. Во западната конференција екипите на Воска, Беса и Фортуна како првопласирани во третите лиги југозапад,запад и север ке играат бараж дуели за две места во третата лига запад.

Сеуште нема ништо официјално и за општинските лиги. Во кавадаречката општинска лига се одиграа само три кола. Ист број бодови имаат Ваташа и Возарци па допрва ке се одлучува кој ке се пресели во третата лига југ.

М.В.