По победата во Новаци во рамките на купот кавадарчани очекуваат да продолжи позитивната низа
Во недела се игра 7 коло од ПМФЛ. Во рамките на купот Тиквеш ја забележа првата официјална победа како прволигаш па во малку подобра атмосфера и со нов тренер ке ја чека пресметката со Брегалница во Штип. Доколку Влатко Костов дебитира на клупата на Тиквеш на овој натпреват тоа ке биде и мотив повеке за кавадаречките фудбалери со позитивен исход да му посакаат добредојде на новиот шеф на стручниот штаб. Брегалница по 6 кола има 1 победа 4 нерешени и само еден пораз додека кавадарчани имаат две нерешени и 4 порази. Во останатите средби од ова коло дербито ке го одиграат Ренова и Струга, Македонија ЃП го пречекува Работнички, Пелистер во Битола го пречекува лидерот Академија Пандев, Шкупи игра со Борец а Скопје со Шкендија.Сите средби се играат во недела, 19 септември од 15 часот.
М.В.