МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

фото:Р.Стамаџиев

ДИМОВСКИ ОСТАНУВА НА ГОЛОТ НАУМОСКИ, НАУМЧЕСКИ И ЉАМЧЕВСКИ ВО ВЕЗНИОТ РЕД А СПАХИУ И ХРИСТОВ ВО НАПАДОТ

Фудбалерите на ГФК Тиквеш во сезоната што измина ја испишаа фудбалската историја во градот. Сонот кој траеше цели 17 год го претворија во јаве и се вратија во првата македонска фудбалска лига. Управата на клубот свесна за фактот дека ги чека многу работа во пресрет на новата сезона веднаш се зафати да ги средува работите чекор по чекор. Нормално најважно е да се формира костурот на тимот за следната сезона а засега таа работа одлично им оди.

Клубот првично ги продолжи договорите со Едис Спахиу и Стефан Наумчески. 20 годишниот Спахиу во Тиквеш дојде во февруари годинава и беше ударна игла во нападот. Тој го постигна и голот кој го врати Тиквеш во елитата. 20 год има и Стефан Наумчески кој игра во деструктивниот дел од везниот ред и беше еден од клучните играчи на тој дел од теренот. Но управата тука не застана. Веднаш потоа се продолжија договорите и со голманот Столе Димовски напаѓачот Симе Христов и везистите Благоја Љамчевски и Јорданчо Наумоски. Ако претпоставиме дека и кавадарчаните ке ја продолжат верноста кон клубот тоа значи дека управата ке може да смета и на искусните Мојсов и Вареловски потоа Делов,Ризов,Петковски и помладите што само по себе значи дека костурот на клубот е задржан и сега ке треба само постепено да се надоградува.

М.В.

198335215_2580548878758458_1426719641095167876_n 198385691_331006455269961_2976109220590130075_n