МЕДИУМИТЕ ШПЕКУЛИРААТ СО ИМЕТО НА РИСТО МАГДИНЧЕВ А КАВАДАРЧАНИ НАСКОРО ТРЕБА ДА ПОЧНАТ СО АНГАЖИРАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА ЗАСИЛУВАЊАТА

Според пишувањата на поедини медиуми екипата на ГРК Тиквеш во новата ракометна сезона ќе има нов тренер бидејки кавадарчани нема да ја продолжат соработката со досегашниот стратег Горан Андоновски, кој го водеше тимот во пролетниот дел од минатата сезона. Имено Андоновски го наследи Томче Петрески пред стартот на пролетниот дел односно пред почетокот на плеј аут разигрувањето за опстанок во елитното друштво. Во овој период Тиквеш предводен од Андоновски забележа девет победи на 14 меча, што беше доволно за опстанок во елитата. Кавадарчани во првата сезона по камбекот во Суперлигата за малку не успеаја да се пласираат во плеј-офот, па мораа да се задоволат со плеј-аут. Од играчкиот кадар досега од тимот си заминаа левиот бек Стефан Колоски и средниот бек Душан Медиќ и десниот бек Вања Смиљаниќ. Клубот ке мораекспресно да реши кој ке биде наследникот на Андоновски а потоа и да почнат да ги промовираат и засилувањата пред стартот на новата сезона. Според последните шпекулации за наследник на Андоновски на клупата на Тиквеш најчесто се спомнува името на Ристо Магдинчев.Искусниот стратег својот последен ангажман го имаше во редовите на Јуниор Кисела Вода а во својата фантастична тренерска кариера беше селектор на женската селекција на Македонија, а ги водеше екипите на Пелистер, Вардар, ЖРК Вардар како и Металопластика, Пари Сен Жермен и многу други.

М.В.

218191457_535236500844290_7070473105134039018_n