МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани се поразени со примен гол во 93 мин.

Во рамките на 2 коло од ПМФЛ екипата на ГФК Тиквеш е поразена на гостувањето во Велес. Кавадарчани добро парираа во првото полувреме а двете екипи имаа свои моменти. На стартот на второто полувреме Борец поведе но набрзо Тиквеш израмни преку капитенот Вареловски. Во финишот на натпреварот во 87 мин. токму капитенот Вареловски заработи втор жолт картон и мораше да го напушти теренот а велешани успеаја да ја искористат бројчаната предност и постигнаа гол во 93 мин, гол кој значеше три бода за Борец. Во останатите средби од ова второ коло се постигнаа следниве резултати: Скопје - Брегалница 0-0, Шкендија - Ренова 1-2, Шкупи - Македонија 2-0, Струга ТЛ - Пелистер 1-0 и Академија Пандев - Работнички 2-0. Во среда се игра вонредно 3 коло а ГФК Тиквеш ке го нагости тимот на Академија Пандев.

М.В.