МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со оваа победа кавадарчани му се приближија на само 3 бода на Скопје

Во 20 коло кај фудбалските прволигаши се постигнаа очекувани резултати. Борец – Шкендија 0-3, Академија Пандев - Скопје 5-0, Работнички – Шкупи 0-1, Ренова – Македонија ЃП 0-1 и Струга ТЛ – Брегалница 1-1.

Најинтересно сепак беше во Кавадарци каде се одигра дербито на дното. На трибините Лозари и Чкембари навиваа заедно. На теренот Тиквеш подобар но без реализација. Во 28 мин Пелистер остана со играч помалку но и тоа не им помогна на кавадарчани да постигнат гол. Во 70 мин и Тиквеш остана со играч помалку но и тоа не смени ништо. Во 88 мин Благоја Љамчески од прва зафати една одбиена топка и од 20-тина метри постигна ефектен гол вреден 3 бода и победа од 1-0.

Стартуваше и пролетниот дел од сезоната за второлигашите. На истокот се постигнаа следниве резултати : Локомотива – Детонит 1-3, Братство – Победа 1-4, Слога – Пехчево 2-1, Осогово – Беласица 0-3 и Саса – Кожув 1-0.

Во западната конференција Силекс одигра само 1-1 со Гостивар, а и Охрид му украде бод на Вардар играјќи 0-0. Кадино – Воска 0-2, Тетекс – Кораби 2-0 и Беса – Велешта 3-1.

м.в.

273586602_1118376888940164_8760051376682387202_n 274011342_627657968293140_4621107029592488895_n