МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДВАЕСЕТ И ДВЕГОДИШНИОТ АНАЕЛ СЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ЕФИКАСНОСТА НА КАВАДАРЕЧКИОТ НАПАД

Новиот прволигаш, екипата Тиквеш по цели 17 години се врати во фудбалската елита но многу лошо стартуваше во новиот шампионат со само еден освоен бод по четири одиграни кола. Нормално фудбалско Кавадарци и управата на клубот не се задоволни со ваквиот развој на настаните и сега се обидуваат да ја свртат ситуацијата на подобро. Слабата реализација по првите 4 кола ја принуди управата на клубот да бара соодветни алтернативи во нападот на кавадарчани па своред пишувањата на одредени медиуми ангажиран е нов фудбалер и тоа интернационалецот од Камерун, Барга Нгоба Анаел. Тој бил присутен на натпреварот со Работнички во Скопје и веке му се приклучи на составот од Кавадарци. Се работи за напаѓач кој последно има настапувано за екипата на Мајеес во шампионатот на Оман, а има само 22 години и е висок 184 см. Со него се очекува Тиквеш да ја зголеми заканата кон противничкиот гол и конечно да ја забележи првата победа сезонава.

М.В.