МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Локомотива во Градско во дебито загуби со 0-2 од екипата на Кожув

Вчера се одиграа средбите од 1 коло во двете втори лиги. Во источната конференција единствениот претставник од нашиот регион, екипата на Локомотива на свој терен во Градско со пораз ја стартуваше дебитантската второлигашка сезона. Локомотива загуби од Кожув со 0-2. Гостинска победа забележа и Саса која среде Кочани го совлада Осогово со 1-4. Со три бода од гостински терен се врати и Беласица која во Радовиш го совлада Детонит со 0-2. Домашни победи забележаа Слога која со 1-0 го совлада Братство и прилепска Победа која со пресврт го совлада Кит Го со 2-1.На западот Воска стартуваше со убедливи 0-4 на гостувањето кај Гостивар како и Силекс кој со 0-3 на гости го совлада Кадино. Скопски Вардар играше со младинци на гостувањето кај Кораб а средбата заврши со 0-0. Охрид не дозволи изненадување на домашен терен и со 4-1 ја совлада Беса а Тетекс во Тетово со 2-1 го совлада тимот на Велешта.Следното второ коло второлигашите ке го одиграат веке во недела а Локомотива ке има тешко гостување кај екипата на Саса која фуриозно ја стартуваше новата сезона.

М.В.