ВТОРОЛИГАШИТЕ ЗАРАДИ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА КЕ ИГРААТ ВО НЕДЕЛА

Поради претстојниот репрезентативен дуел со Косово македонските фудбалски второлигаши своите средби ке ги одиграат во недела. Фудбалерите на „Тиквеш“ како лидери на табелата ке патуваат на нималку лесно гостување во Виница кај екипата на „Слога“. Досега „Слога“ има скор од две победи две нерешени и еден пораз и заостанува само 3 бода зад водечките „Тиквеш“ и „Брегалница“ кои сеуште се без пораз. Факт е дека нашите фудбалери ке се обидат да се рехабилитираат за загубените два бода од дербито со штипјани па можеме да очекуваме неизвесен дуел со надеж дека нашите момци ке ја продолжат гостинската победничка серија. Екипата на „Росоман“ по 5 кола одлично котира на табелата. Моментално се 6-ти со ист број на бодови како и петтопласираната „Победа“ а само бод помалку зад трето и четвртопласираните „Кожув“ и „Слога“. Во недела во Росоман доаѓа токму екипата на „Кожув“ што само по себе говори дека домакинот воопшто нема да има лесна задача. Од друга страна „Росоман“ ке биде и без довчерашниот капитен Сашко Дуков кој замина во „Саса“. Сепак тренерот Глигоров ја ужива максималната доверба кај играчите и е оптимист пред овој дуел.Најавува атак на нови три бода во една квалитетна фудбалска претстава. Во останатите средби „Каменица Саса“ игра со „Плачковица“, „Победа“ го пречекува „Осогово“ а интересно ке биде и на средбата каде „Кит Го“ го пречекува постариот брат “Брегалница“. Сите средби се играат во недела со почеток во 15 часот.

м.в.

120498005_1226304564401601_5739440254861374938_o