Екипата на ГФК Тиквеш ке му гостува на Новаци а Локомотива во Градско ке го пречека Охрид
Во фудбалска Европа се играат средбите од Лигата на шампионите, Лига Европа и Конфедерациската лига а во Македонија во тие термини ке се играат средбите од 1/16 финалето на националниот куп. Привилегираната ждрепка во првото коло не дозволи дуели на прволигашите, но и покрај тоа ќе може да се види по некоја супер-пресметка. Како на пример, скопски Вардар ке игра со прилепска Победа а Пелистер ќе игра со најстариот македонски клуб Љуботен. Фудбалерите на Тиквеш утре ке му гостуваат на тимот на Новаци и ке се обидат да ја прекинат црната серија без победа. Тимот на Локомотива во Градско го чека трежок дуел со екипата на Охрид. Останатите парови за оваа куп рунда се: Детонит - Македонија ЃП, Победа - Вардар, Кит-Го - Шкендија, Беса - Скопје, Љуботен - Пелистер, Гостивар - Ренова, Кораб - Беласица, Њу Старс - Борец, Слога Виница - Работнички, Саса - Струга ТЉ, Воска Спорт - Брегалница и Велешта - Шкупи. Во Купот ќе се игра по еден натпревар. Поради немање доволен број на пријавени екипи, ланските финалисти Силекс и Академија Пандев директно се пласираа за следната рунда. Доколку мечевите во оваа фаза завршат нерешено, директно се изведуваат пенали. Сите натпревари се играат утре, среда 15 септември со почеток од 15 часот. Сепак поради трагедијата во Тетово екипата на Шкендија побара одложување на дербито од шестото коло од ПМФЛ против Шкупи а оваа средба се игра денес. Заради тоа промени ќе претрпат и два натпревари од првото коло од Купот на Македонија. Така, натпреварот од 1/16-финалето во Купот на Македонија меѓу Кит-Го и Шкендија кој првично беше закажан за утре ќе се одигра седум дена подоцна. На 22 септември ќе се одигра и натпреварот меѓу Велешта и Шкупи како и мечот меѓу Њу Старс и Борец на барање на двете екипи. Да кажеме дека натпреварот меѓу Љуботен и Пелистер, кој требаше да се игра во Тетово, сепак ќе се игра во Битола.
М.В.