МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во рамките на осминафиналето од купот кавадарчани утре му гостуваат на Шкупи

Фудбалската топка не мирува бидејки веќе утре ке се одиграат осмина финалните натпревари од националниот куп. Фудбалерите на Тиквеш откако во саботата го загубија првенствениот дуел со Шкупи повторно ке се сретнат со истиот противник во купот но овој пат ке играат во Скопје. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Силекс ќе игра против струмичка Беласица. Во локално дерби, Вардар ќе го пречека тимот на Скопје, додека Шкендија ќе игра против Ренова. Осминафинални парови во Купот на Македонија се:Струга Трим Љум – Борец 1919Академија Пандев – Македонија ЃПШкендија – Ренова Вардар – СкопјеБрегалница – Охрид Беласица – СилексПелистер - РаботничкиШкупи - Тиквеш 1930И во овој круг еден натпревар ќе одлучува пласман во четвртфиналето. Натпреварите од осминафиналната фаза ќе се одиграат утре 20 октомври со почеток во 14:00 часот.

М.В.