МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со оваа победа кавадарчани се искачија на 4 позиција на табелата

Без поголеми изненадувања помина 9 коло кај фудбалските прволигаши. Тиквеш ја оправда фаворитската улога и со головите на Темелков и Мишов го совлада Скопје со 2-0. Во дербито помеѓу Шкупи и Силекс немаше голови. Работнички ја изненади Брегалница среде Штип и славеше со 1-3. Победа поведе против Шкендија но на крај загуби со 1-3. Македонија ЃП одигра 1-1 со лидерот Струга ТЛ а слободен беше тимот на Академија Пандев. И 6 коло кај второлигашите помина без изненадувања. Дербито помеѓу Пелистер и Воска заврши без победник 1-1. Аресими го декласираше Борец со 9-0 а Вардар со 2-0 го совлада Пехчево и изби осамен на врвот на табелата. Слога во Виница загуби од Гостивар со 0-1, Саса со 0-2 славеше на гостувањето кај Тетекс а Беласица со 1-0 ја победи Беса. Колото ке се комплетира на 12 октомври со средбите Кожув - Караорман и Охрид-Детонит Плачковица

М.В.