МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани со 2-0 го совладаа Работнички и најавија интересна борба за опстанок во елитата

Во 15-тото коло од ПМФЛ се постигнаа резултати кои му одат во прилог на ГФК Тиквеш. Шкупи - Струга 4-0, Брегалница - Борец 2-1, Ренова - А.Пандев 1-2, Пелистер - Скопје 0-0 и Македонија ЃП - Шкендија 1-2. ГФК Тиквеш во Кавадарци го пречека Работнички во натпревар на кој кавадарчани едноставно мораа да победат и да ги продолжат надежите за опстанок. Тоа и се случи. Со мудра и трпелива игра со головите на Нгоба и Спахиу Тиквеш заслужено славеше со 2-0.Второлигашите го одиграат редовното 12 коло. Во источната група екипата на Локомотива од Градско имаше тешко гостување во Виница и беше поразена од Слога со 3-0 а виничани со оваа победа го превзедоа врвот бидејки Победа загуби на гостувањето кај Саса со идентични 3-0. Осогово го доби гостувањето кај Братствосо 2-4 а Кожув ги подели бодовите со Детонит играјки 1-1. Беласица од тешкото гостување кај незгодниот Кит Го се врати со полн плен славејки со 0-1. Во западната конференција Силекс беше убедлив со 3-0 во дуелот со Охрид а Вардар го загуби дербито со Воска со 2-1. Во останатите средби Велешта - Кораби 2-2, Беса - Гостивар 1-1 и Кадино - Тетекс 0-1.

М.В.

261838760_932750767647715_2829118004060551390_n 261490215_417451153294363_2585718568091452044_n (1)