МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВО ПРИЛЕП СО ИГРАЧ ПОМАЛКУ БРЕГАЛНИЦА СО ГОЛ ВО СУДИСКОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ СТИГНА ДО 3 БОДА

Лидерите на табелата во втората фудбалска лига – група исток и по 8 кола остануваат лидери и ке водат мртва трка за место кое води во елитата. И „Тиквеш“ и „Брегалница“ гостуваа и се вратија со полн плен.Во комшиската пресметка кавадаречки „Тиквеш“ без многу проблеми забележа убедлива победа на гостувањето кај новиот второлигаш Росоман со резултат 0-4.

Веке во првото полувреме кавадарчани дојдоа до значителна предност. За само три минути Ѓорѓи Мојсов и Дарко Гроздановски донесоа сигурно водство, а на стартот на вториот дел Андреј Лазаров и кон крајот од средбата Александар Вареловски ги поставија конечните 0-4. Штипска „Брегалница“ многу потешко од очекувањата дојде до три бода во Прилеп а тимот на „Победа“ има за што да жали бидејкли загубија бод во 5 минута од судиското продолкжение. Дарко Стојанов во 61. мин. ги донесе штипјани во водство а Димоски со ефектен гол во 75 мин. израмни на 1-1. Антонио Митрев во 95 мин. постигна гол за победа од 1-2.

Само да споменеме дека штипјани цели 70 минути играа со играч помалку бидејки Анес Османовски уште во 22. мин. заработи втор жолт картон.Во Пехчево, екипата на „Кит-Го“ одигра само 1-1 против „Слога“ од Виница. Дуелот помеѓу „Саса“ и „Осогово“ заврши без голови. Во Радовиш, „Плачковица“ успеа да освои бод против фаворизираниот „Кожув“ играјки 1-

По осмото коло, и натаму на врвот на табелата се „Тиквеш“ и „Брегалница“ со по 20 бода

м.в.