Возарчани ја забележаа првата победа сезонава а неготинчани цврсто ја држат лидерската позиција на табелата
Во заостанат натпревар од 14 коло во третата македонска фудбалска лига група- југ екипата на Возарци ДМД ја забележа првата победа сезонава откако со 2-1 го совлада тимот на Бучин со голот на Сашко Димов од пенал во 89 минута. Во рамките на ова 14 коло екипата на Вардар- Неготино формално беше гостин во Неготино каде домакин беше тимот на Голмо Коњари: Неготинчани славеа со 0-3 и повторно ја заздеоа првата позиција на табелата со 35 бодови три повеке од Превалец. Победа забележа и тимот на Марена кој во одложениот натпревар од 8 коло на домашен терен го совлада тимот на Слога од Лажани. Со овие бодови Марена собра вкупно 20 и се искачи на 7 место на табелата.
М.В.