МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Заради обврски на репрезетацијата фудбалските прволигаши паузираа и овој викенд па редовното 12 коло ке го одиграт утре а во него се срекаваат Работнички - Силекс, Победа - Струга, Скопје - Шкендија, Брегалница - Академија Пандев а екипата на ГФК Тиквеш ке има тешко гостување кај шампионот Шкупи. Сите средби се играаат утре, среда со почеток од 14 час.Второлигашите го одиграа редовното 9 коло а во дербито Гостивар со 1-0 го совлада Вардар, па Воска со победата од 4-0 против Тетекс го превзеде врвот. Детонит Плачковица одигра 1-1 нагости кај Караорман а Пелистер со 0-4 го совлада Борец во Велес. Пехчево загуби од Охрид со 0-1, Саса со 1-0 го доби Аресими, Беса беше убедлива со 3-0 против Кожув , а Беласица со 1-2 славеше во Виница против Слога.Третолигашите од групата југ го одиграа 8 коло. Вардар во Неготино со 3-0 ја победи Слога, Превалец со 9-0 го растури Обршани, Големо Коњари со 6-0 го совлада Росоман а Питу Гули славеше со 1-2 на гостувањето кај Марена. Бучин со 5-2 беше убедлив против Локомотива од Градско а Младост со 3-2 славеше против Канатларци.

М. В.