Шеснаестина финалето од купот ке се одигра на 14 септември
По ждрепката за новата сезона во единствената Втора македонска фудбалска лига (ВМФЛ), во просториите на Фудбалската федерација на Македонија вчера беше извршена и ждрепката и за првото коло од Купот на Македонија. Бранителот на титулата Македонија ЃП и финалистот Силекс се слободни во оваа фаза, а шеснаесеттина финалето ке донесе неколку возбудливи дуели. Шампионот Шкупи ќе оди на мегдан со струмичка Беласица, Шкендија ќе гостува кај Караорман, а амбициозниот Гостивар ќе се судри со второлигашкиот ривал Пелистер. Вардар ке и гостува на Саса а за кавадаречките љубители на фудбалот најинтересна треба да биде средбата во Гевгелија каде ке се сретнат Кожув и Тиквеш.Сите парови од шеснаесеттина финалето во Купот на Македонија се следниве: Беласица – Шкупи, Караорман – Шкендија, Гостивар - Пелистер, Саса - Вардар, Кожуф – Тиквеш, Коњари – Работнички, Црно Буки – Скопје, Тетекс – Академија Пандев, Вардар Неготино – Струга ТЉ, Карбинци - Победа, Слога Виница – Брегалница, Зајази – Воска Спорт, Љуботен – Ренова и Фортуна – Борец.Во оваа рунда ќе се игра само еден натпревар, а во случај на нерешен резултат ќе се шутираат пенали. Оваа фаза од купот ке се одигра на 14 септември
М.В.