Викендов стартувааат возбудувањата во првата македонска футсал лига. Повратникот во елитата екипата на Кеги Моби во Велес ке го пречека Железарец. Да споменеме дека Кеги Моби се фузираше со Астибо од Штип и овие две екипи ке настапуваат како една. Дербито на првото коло ке го одиграат Арбен Бајрами и Проект. Новиот прволигаш Форца новата сезона ке ја стартува со дуелот против Јувентус Серава. Последниот натпревар од првото коло во вторник ке го одиграат Енхалон и шампионот Шкупи. Екипата на Црна Река од Кавадарци со скриени амбиции ке ја стартува новата сезона на домашен терен а во салата Јасмин ке гостува екипата на Карадаку.
М.В.