МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРЕТСТОЈНИОВ ВИКЕНД ПРОДОЛЖУВА КОШАРКАРСКОТО ПРВЕНСТВО А ВО КАВАДАРЦИ КЕ ГОСТУВА ЕКИПАТА НА РАБОТНИЧКИ

Паузата во кошаркарското првенство заради репрезентативните настапи заврши па претстојниов викенд возбудувањата ке продолжат. Најинтересно се очекува да биде во Кавадарци каде ке се сретнат екипите на „Еуро Никел“ и „Работнички“. Кавадарчани одиграа 11 средби и забележаа 7 победи и 4 порази и со 18 бодови заостануваат само 1 бод зад вториот и третиот на табелата а тоа се екипите на „Гостивар“ и „ТФТ“. „Работнички“ пак одигра сано 8 средби на кои има 5 победи и 3 порази. Двете екипи паузата ја искористија за консолидирање на играчкиот ростер а пред се за замена на странците. Центарци во продолжение на првенството ке бидат без хрватот Карло Враговиќ кој замина во Полска и без американецот Девон Вашингтон кој се пресели во Грција. На нивно место клубот ги ангажираше американецот Рајнер Торнтон, словенецот Мирко Мулалиќ кој дојде од „Цедевита“ и хрватот Филип Бундовиќ кој има настапувано за „Шибеник“, „Цедевита“ и „Зрињски“.И управата на „Еуро Никел“ не седеше со скрстени раце па уште пред паузата го доведе високиот хрват Рикиќ а потоа ги ослободи од обрски Антон Казарновски и Александар Влаховиќ. На нивно место дојде црногорецот Милан Перовиќ кој настапуваше за „Пеќ“ на Косово а игра на позициите 4 и 5. Последна аквизиција за кавадарчани е американецот Џексон Дубински кој дојде од босанското првенство од екипата на „Какањ“ а игра на плејмејкерската позиција.

м.в.

153627626_174845580874436_156984777543987945_n