МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОЧЕКУВАНИ ПОБЕДИ НА ПЕЛИСТЕР , ГОСТИВАР И ТФТ ВО 12 КОЛО ОД ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА

Победата на Еуроникл 2005 не беше во прашање ниту еден момент.

„Еуроникел 2005„ водеше во текот на целата средба , која се играше според строгите мерки поврзани со пандемијата - коронавирус.

-12 коло од првата машка кошаркарска лига донесе горе доле очекувани резултати.„Пелистер“ на домашен терен во Битола не му дозволи на „Кожув“ да се понадева на изненадување и забележа убедлива победа од 102:81. „Гостивар“ исто така, во своја сала не признава фаворити па без поголема мака го сопре залетаниот „ФМП“ 92:81. Според предвидувањата „ТФТ“ ја продолжи победничката серија во гости. Овој пат победија во Куманово против истоимената екипа со 88:94. Гостинска победа забележа и „Вардар“ кој славеше во Струга против „Црн Дрим“ со 68:81. Дербито на големите ривали „МЗТ“ и „Работнички“ е одложено.

„Еуро Никел“ во Кавадарци лесно излезе на крај со фенерџијата „МЗТ 2“. Далеку поискусните кавадарчани им одржаа вистинска лекција на младите „штркови“ и веќе на полувреме водеа со 41:22. Кон крајот на третиот период тренерот Самарџиев им укажа доверба и на најмладите од клупата кои ја зголемија предноста и во последните 10 мин се влезе со убедливи 67:40. Сепак во последните 10 мин и младите скипјани го прикажаа сиотсвој талент па се изборија за пристоен пораз принудувајки го Самарџиев во последните мигови да ја врати и првата петорка на терен за конечни 90:79. Кај „Еуро Никел“ капитенот Петровски реализираше 22 поени а имаше и 11 асистенции додека Мијатовиќ постигна 16. Как гостите Митевски даде 21 а монтгомери 20 поени но и 12 скока. Кај кавадарчани не настапи новата аквизиција 219 цм високиот хрват Рикиќ кој би требало да биде од голема помош во продолжение на сезоната.

м.в.

141952626_3579746128783891_1904516556804018859_n

141736946_4051812691529486_611844212423329120_n